Оглас за вработување во Градежен институт Македонија АД Скопје - Нето плата 35.000 денари

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, како една од водечките градежни компании со долгогодишна традиција и лидер во обезбедување специфични услуги во градежништвото објавува О Г Л А ЗА РАБОТНИ МЕСТА: 

3 (тројца) дипломирани градежни инженери или дипломирани инженери по геотехника со следниве,

Неопходни компетенции:

Високо образование ВСП (Градежен факултет – насоки: конструкции, патишта и железници, хидротехника или геотехника, со 240 или 300 ЕКТС, предност ќе имаат кандидатите со 300 ЕКТС),

Со работно искуство во наведената област најмалку 5 (пет) години

Да поседува Овластувања од КОАИ, 

Солидно познавање на англиски јазик, 

Работа со компјутери (MS Office, Internet, Auto CAD),

Поседување возачка дозвола Б категорија.

 

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат над 5 (пет) години работно искуство и стручни вештини од наведените области. 

 

Нето платата изнесува 35.000,00 (триесет и пет илјади) денари. 

 

Работниот однос се заснова за работа на проект, на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување. 

 

Работната позиција предвидува работни услови на терен, како помошници на главниот надзор при изведба и лабораториска контрола, автопат Кичево-Охрид за : земјени работи, асфлатерски работи, конструкции (мостови, вијадукти, потпорни ѕидови) од армиран бетон и преднапрегнат бетон, тунели и др. 

 

Професионални вештини и карактеристики:

Да поседува висок личен интегритет,

Способност за самостојно и независно работење,

Организациски и комуникациски способности,

Работа во тим,

Прецизност, точност, аналитичен пристап во работењето,

Деловен и професионален однос. 

 

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 

 

Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 

 

Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку електронска пошта на hr@gim.mk 

 

Телефон за контакт 02/3091-945. 

 

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од неговото објавување. 

 

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. 

 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 

 

Апликациите без назнака и без потребните документи нема да бидат разгледани.

 Активен до: 30.09.2016