Оглас за вработување во ДМС Комуникација

Друштво за информатички, технички и консултански услуги ДМС КОМУНИКАЦИЈА ДОО СКОПЈЕ, компанија која стои позади првиот градски информатор – веб порталот www.skopjeinfo.mk објавува оглас за ангажирање Менаџер за финансии и администрација.

Лицето ќе биде одговорно за управување со финансиските и административните активности, изготвување и следење фактури,  поставување временска рамка и буџет за вршење финансиски проекти, одржување и следење на стандардни финансиски и административни процедури, утврдување и решавање на стандардните административни и финансиски прашања, анализирање и изготвување на финансискии извештаи, водење на административните работи поврзани со организација и работа на компанијата.

Потребни услови:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Најмалку 2 години проверливо професионално искуство во областа, пожелно во динамична средина
  • Одлично познавање на МS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
  • Самоиницијативност, креативност , аналитичност и одговорност
  • Способност за тимска работа, работа под притисок и ориентираност за препознавање детали

Заинтересираните кандидати своите апликации (CV и Мотивицаско писмо) потребно е да го испратат на е-маил адреса marketing@skopjeinfo.mk најдоцна 7 дена од објавување на овој оглас.

Кандидатите кои успешно ќе ја поминат првата фаза од селекцијата ќе бидат контактирани во рок од 30 дена од завршување на огласот.