Оган на отворено пред Собранието, се шири црн чад и смрдеа (видео)

О2 иницијативата објави видео од запален отворен оган, во импровизирано ќумбе од метално буре, во кое се гори секакво ѓубре и пластика.

„Постојат ли служби во Собрание на Р. Македонија за обезбедување? Постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30ч и не го видел ова? и никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред се за нив! И сето ова е на 100м од Градска болница, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо. И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми а на терен и во суштински НИШТО“, пишуваат од О2 иницијативата.