Одржана трибина - изложба за основоположникот на модерно Скопје, Јосиф Михаиловиќ

Во Музејот на Град Скопје вчера се одржа трибина – изложба посветена на основоположникот на модерно Скопје, Јосиф Михаиловиќ. 

Тој со својата визија и стручност успеал да ги даде првите урбани правци во кои треба да се развива главниот град. Михаиловиќ (1887-1941) е роден во Тресонче, а бил градоначалник на Скопје од 1929 до 1936 година, за потоа во 1939 година повторно да биде назначен за прв човек на градот, функција на која останува до крајот на својот живот кој трагично завршува во 1941 година.

Во текот на својот речиси десеттогодишен мандат, тој својата активност ја насочил кон модернизација на градот и неговото комунално уредување.