Одложено второто судење за несреќата кај Ласкарци

Судењетп за големата несреќа кај Ласкарци со автобусот на Дусрмо турс се одложи. Наредното рочиште е закажано за 15 октомври, бидејќи еден од обвинетите Рамзи Мифтари, кој е шеф на возниот парк, има закажано операција.

Доколку Мифтари не се појави на наредното судење, тогаш постапката ќе се раздвои. Според обвинението, Мифтари го поставил апаратот кој ја криел точната брзина на автобусите на Дурмо Турс.

Обвинети се шестмина меѓу кои возачот и сопственикот на Дурмо Турс и гостиварскиот испитен центар.

Од несреќата којашто се случи во февруари, вкупниот биланс на жртви се искачи на 16 редовни патници на Дурмо Турс.