Одлична бизнис идеја: Пчеларство

Пчеларство може да биде фасцинантно хоби, профитабилна споредна работа, или сериозен бизнис од кој може добро да се живее. Според анализи на искусни пчелари, најдобро е да почнете со помал број пчелни семејства, од 3 до 6. Тоа ќе ве чини од 500 до 750 евра. 

Но, како што велат пчеларите, за да се занимавате со пчеларство, неопходно е и да сте вљубени во пчелите! Во Македонија има сериозни производители на кои пчеларството им е семеен бизнис.

„Гледано од финансиски аспект, но одпчеларски аспект доколку сакаш да ПРОИЗВЕДУВАШ МЕД тогаш не започнувај да одгледуваш пчели!!! Бидејки медот не се произведува туку се позајмува на подолг период од пчелите а тие го собираат за своите потреби, а ние ПЧЕЛАРИТЕ вешто истиот го позајмуваме од нив. Доколку си заинтересиран за ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ПЧЕЛИ, доколку си доволно вљубен во нив тогаш можеш да отпочнеш со одгледување на истите. и за таа цел набависи од 3 до 5 нови семејства, па доклолу во текот на 1-2 пчеларски сезони не дигнеш раце од истите почни да ги намножуваш бидејки во одредени моменти ке биде многу тешко, што поради боцкањето што поради лошите резултати кои секогаш ги има дури и кај најискусните пчелари.“ – раскажува еден пчелар.

Според некои анализи правени од страна на еминентни познавачи на пчеларството, што може да се најде и во литературата, познато е дека за едно четворочлено семејство да може нормално да живее потребни се од 50 до 60 пчелини семејства кои ке се добро спремени во екот на сезоната за собирање на нектар. Во Македонија просекот на добиен мед од едно пчелно семејство се движи од 12 до 18 кг, 

Последните години е забележан значителен пораст на цената на медот. Денес медот се продава по цена од 350-400 денари од тегла. Годишниот принос зависи од временските услови, кои минатата година за жал не беа најповолни, па значително е намален приносот на мед. Но, тоа не значи дека тој тренд ќе продолжи. Годинава се очекува подобра година, поголем принос и одлична побарувачка – како резултат на недостатокот од мед што го имавме изминатата година. 

Пчеларите препорачуваат за почнување на овој бизнис да набавите по мал број на пчелни семејства, минимум 3 максимум 6. 

Еве ги пресметките:

Еден сандак чини околу 3.000 денари

Едно пчелно семејство (зависно дали е младо или постаро) чини од 2.000 до 3.000 денари.

Сотните основи чинат околу 2.000 денари.

Оваа пресметка е за еден сандак.

Што значи ако почнете со 6 пчелни семејства, ќе ви бидат потребни околу45.000 денари. Просекот на добиен мед од едно пчелно семејство се движи од 12 до 18 кг, а цената на медот се движи од 350 до 400 денари, што значи дека уште првата година може да си ја повратите инвестицијата.  

nike air max 1 sale