Одличен зимски рецепти: Обланди со тиква и бадеми

СОСТОЈКИ:

2 обланди

1 кг тиква

100 гр сечкани бадеми

500 гр шеќер

1 лажица цеден сок од портокал

1 дл вода

цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се ренда тиквата и се меша со шеќерот и водата, па се вари на тивок оган.

Откако ќе се згусне тргнете ја настрана, па додајте ги циметот, бадемите и сокот од портокал.

Сè измешајте, па премачкајте лист обланда со смесата.

Потоа, горе над филот ставете друга обланда.

Нека се стегне, исечете на коцки, па послужете.