Одговорот на еден мудрец за тоа како да дознаеме дали партнерите нѐ сакаат...

Некој човек прашал некој мудрец: „Како да знам дека жена ми навистина ме сака?“
Мудрецот му одговорил: „Ако ги прави овие 14 работи, биди уверен дека те сака!“

Човекот прашал: „Кои работи?“
Мудрецот одговорил:
„Ако го сака твоето однесување... и го сака оние кои тебе те сакаат.
Не се лути ако твоето мислење е спротивно од нејзиното мислење.
Ако ја боли твојата лутина или тага.
Ако постојано се обидува да најде различни теми на разговор со тебе.
Ако те прашува за совет.
Ако се радува на твојот подарок без оглед на тоа колку бил скромен.
Ако се обидува да ти биде поддршка или ако се понуди да преземе дел од твоите обврски.
Ако сака да те направи среќен и се обидува да не ги прави работите кои те нервираат.
Ако не ѝ пречи тоа што имаш мали приходи.
Ако поднесува болка поради тебе.
Ако се обидува да биде дел од твоите идеи и се обидува да влезе во твојот свет, интересирајќи се за твојата работа и хобија.
Ако не се срами од твојата работа, без оглед на тоа каква е таа работа.
Кога ти помага заедно да правите добри дела.“