Одговор на еден маж на постпородилната депресија на својата сопруга го воодушеви интернетот!

По породувањето, многу жени критички го оценуваат својот одраз во огледалото. Една од нив била и Лаура Маза, 30-годишна мајка на две деца која се плашела дека нејзиниот сопруг Дом повеќе нема да ја сака затоа што нејзиното тело е променето.

Таа искрено рекла: „Мојот сопруг се заљуби во тело кое беше убаво, мусклулесто, без стрии и кое без проблеми можеше да се вовлече во тени фармерки и да носи мали конфекциски броеви. Денес тоа не е возможно. Неговото тело остана исто, но моето се промени на сите можни начини. Тоа не е фер.“

Еден ден, уморна и скршена, застанала пред својот сопруг и му рекла: „Ова не е телото во кое ти се заљуби.“ Неговиот одговор длабоко ја трогнал и со тоа повторно ја уверил во јачината на неговата љубов и ѝ помогнал да се избори со постпородилната депресија која полека, но сигурно се повеќе ја обземала. И одлучила да го сподели тоа на својот блог, а ние ви го пренесуваме во целост:

„Во право си. Ова не е телото во кое се заљубив. Наместо тоа, тоа е телото во кое нашите деца растеа и беа безбедни. Твоето тело создаде живот и јас секој ден се заљубувам во него. Не знаев што значи љубов додека не го видов тоа тело и се додека не дознав што се може да направи. Фала ти за тоа.“

Лаура е свесна дека постојат уште многу жени ширум светот кои се несигурни и незадоволни со своето тело по породувањето и затоа сака да им порача дека немаат од што да се срамат. Наместо тоа, треба да уживаат во фактот дека создале нешто кое е вредно за секое дупче и стрии. Таа сега се чувствува многу подобро и сака да пишува за себеси како личност и мајка и се надева дека со своите приказни ќе ги инспирира жените ширум светот да престанат да тежат кон совршенство и да се прифатат онакви какви што се.

Таа истакнува дека „животот почнува сега, нема да ве чека да ја достигнете совршената килажа. Сигурно не сакате за 50 години да погледнете зад себе и да жалите за времето кое сте го изгубиле чекајќи вашето тело да изгледа совршено за да можете да почнете да го живеете својот живот.“

Таа со насмевка додава дека има време да се откажете од колачите, но засега единствено што треба да правите е да ги живеете животот со полни гради и да уживате во секој момент.