Одбојкарите со оро и песна сами си направија дочек на плоштад (ВИДЕО)

Македонската одбојкарска репрезентација доцна синоќа се врати од Копенхаген, каде го освои второто место во Европската лига.

И покрај тоа што „спартанците“ донесоа сребрен медал, немаше кој да ги пречека. Сепак, ниту празниот плоштад не ги спречи, во главниот град да го прослават големиот успех.

Автобусот најправо мина низ триумфалната капија, а потоа одбојкарите со песна и оро, сами си направија дочек.