Одбележување на роденденот на Горан Стефановски

По повод 67 роденден на Горан Стефановски на 27 април во Скопје ќе се одржат низа настани за одбележување на овој датум.

Настанот ќе се одржи во паркчето спроти кафената „Наџак“ во Дебар Маало.

Најпрво ќе се сади дрво во малото паркче, потоа настанот ќе продолжи со кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн.

На настанот се поканети сите почитувачи на делото на Горан Стефановски. Идејата е да се прослави неговиот живот и работите што тој ги сакаше. 

Горан Стефановски почина на 27 ноември, минатата година во Лондон. 

 

nike air max 1 sale