Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка

Во манастирот во Матка кај Скопје денеска  поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан одржа света божествена литургија по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат како Голема Богородица.

Г.г. Стефан зборуваше за животот на мајката Богородица, посочувајки дека денес, имајќи ги предвид кризите во светот воопшто, и животот на мајките е потежок.

Во манастирот во Матка кај Скопје синоќа се одржа богослужба и полноќно бдеење.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот, по богослужбата, се одржува крводарителска акција. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

По повод празникот СВР Скопје вчера и денеска воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.