Одбележан патрониот празник на ОУ „Ристо Крле“ во Илинден

Со богата приредба, под мотото „Времеплов на спомени“ учениците од ОУ „Ристо Крле“, од н.м. Кадино и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик, на свечен начин го одбележаа 36 патронен празник на училиштето.

Спортската сала беше претесна да ги прими сите оние што сакаа да го проследат одбележувањето на патронатот, а меѓу присутните ученици, родители и гости беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Учениците се претставија со богатата културно-забавна програма што беше исполнета со драмски точки, рецитали, ритмички вежби, хорска изведба, фолклор...За прекрасно изведените точки учесниците во приредбата беа наградени со бурни аплаузи.