Од ветарот настрада и семафор (фото)

Паднати дрвја, паднати семафори, е сликата што силниот ветер ја остави во главниот град во изминатите два дена.Поплаки за штети пристигнуваат од сите страни. Некому на возилото му паднала гранка, на друг цело дрво, трет, пак, за влакно успеал да спаси жива глава од семафор, чии шрафови попуштиле под притисокот на силниот ветер.

Од ветарот настрада и семафор

На социјалните мрежи наголемо се објавуваат фотографии од штети, проследени со револт кај оштетените, бидејќи речиси при секој посилен ветер, нечие возило останува оштетено.

- Ми падна гранка на автомобилот од невреме, а отштета никогаш не добив. Се влечев од една во друга институција и никој ништо не презема. Само ме шетаа од врата на врата сѐ додека не се откажав. Потрагата за отштета ми направи поголем трошок отколку самата штета на возилото -  за Нова Македонија, вели Миле К., чие возило настрадало од падната гранка.

Некои од граѓаните, чии возила настрадале од дрвјата до кои биле паркирани, велат дека не се запознаени со постапките што треба да се преземат за да добијат отштета.

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ информираат дека изминатите денови до нивните служби пријавено било паѓање само на гранка на едно возило.

- Од гранката искршена е една шофершајбна. ЈП „Паркови и зеленило“ е осигурено од штети од дејност и осигурителната компанија исплаќа штета доколку таа е настаната при сечење на дрвото или постоело решение за сечење на дрвото издадено од секторот за комунални работи на градот, а дрвото не е исечено. Во ситуации кога нема решение за сечење, се смета дека е во прашање виша сила и компанијата не исплаќа отштета - велат од претпријатието.

 

air max 90 essential sale