Од утре Зоолошка започнува со работа со нов протокол за движење

Една убава и среќна вест за сите вас - Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05)

Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:

  • Носење маска при влез во Зоо Скопје
  • Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
  • Строго е забрането хранење и доближување до животните
  • Отпадоците да се фрлаат во корпите
  • Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
  • Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
  • Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.

Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките, соопштија од Зоолошката градина-Скопје.