Промена на времето со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и северозападен ветер се очекува од утре попладне.

Дотогаш ќе се задржи многу топло време, а веќе од попладневните часови ќе почне да дува северозападен ветер, кој на север и вдолж Повардарието ќе засилува. 

Од петок попладне и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе престануваат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодот со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени.

Од понеделник температурите повторно ќе бидат во благо покачување.