Од утре почнува со работа новата наплатна рампа кај Гевгелија

Од утре со почеток во 07:00 ч ќе започне со работа наплатна станица Гевгелија, информираше попладнево Автомото сојузот на Македонија. 

Од ЈП за државни патишта уште на почетокот на месецов најавија дека во следниве недели ќе биде пуштена во употреба новата патарина кај Гевгелија, на која ќе се плаќаат по 100 денари од автомобил за користење на автопатот Демир Капија – Смоквица.