Од „Св. Климент Охридски“ лево кон Центар

Повеќе години откако правилата на една од најфреквентните раскрсници во Центар беа сменети со цел да се избегнат дополнителни гужви и честите сообраќајни несреќи, локалните власти ги враќаат по старо. Имено на крстосницата каде се вркрстуваат булеварите „Св.Климент Охридски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ во случај да се движите по „Св. Клименто Хридски“ во насока кон Водно, не можете да завртите лево кон Центар. 3-те лентни на сега веќе проширениот булевар овозможуваат движење право, кон Водно или десно, односно да се приклучите кон булеваорот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. 

Забраната за завртување лево на крстосницата важи и за оние кои се движат во обратна насока по истиот булевар. Значи од страната на „Театар Комедија“. Промената на правилата доѓа откако Град Скопје се реши да го прошири булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов, во делот околу Клубот на пратеници. 

"Само овој дел од 'Теодосиј Гологанов' остана т.н. тесно грло. Во договори сме со Општина Центар да се интервенира и на овој потег, односно и тој да добие четири коловозни ленти. Со тоа ќе се овозможи движење во сите насоки на крстосницата. Сегашниот сообраќаен режим не го дозволува тоа што за мене е непрактично. Имаме доста поплаки дека кога се симнувате од Клиника лево може да се вклучите дури на булеварот "Партизански одреди". Сето тоа го зголемува метежот во овој дел", изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Тој исто така најави дека наредната година ќе се работи проектот за реконструкцијата, а реално е да се очекува Центар да добие проширен булевар веќе истата година. За цената на проектот ќе се знае откако ќе биде одбран изведувачот.