Од среда пекол – температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 30, а долж Повардарието и 35 степени, известуваат метеоролозите.

Посочуваат дека ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси локално да бидат и поинтензивни, особено утре. И во Скопската котлина можен е локален пороен дожд со грмежи.

Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло со пораст на дневната температура на воздухот, која се очекува да достигне и до 40 степени во јужниот дел на Повардарието.