Од следната недела: Маслото од канабис со рецепт

Вториот производ на Реплек, масло од канабис, кое ќе се купува единствено со рецепт е готов и следната недела ќе се појави на пазарот, вели за еМагазин, директорката на Националната агенција за лекови (МАЛМЕД), Марија Дарковска Серафимовска.

Оваа масло ќе биде со значително поголема концентрација на ТХЦ (екстрат од канабис) и ќе можат да го користат лица со малигни заболувања, ХИВ...исклучиво со рецепт од спецјалист.

Ова ќе биде прв ваков производ на нашиот пазар.

Реплек, за сега е единствена компанија во земјава која го нуди овој производ. Пред извесно време прва го лансираше маслото од канабис, кое може да се купи без рецепт.

Дарковска Серафимовска за вели дека интересот за нови учесници на овој пазар секојдневно се зголемува. Веќе се поднесени неколку барања за пласирање на пазарот на масло од канабис без рецепт, а до Министерството за здравство е доставено и барање за целокупен процес на производство на оваа масло кај нас, односно од одгледување на марихуаната до производство.