На територија од 67.741,2 км² километри колку што зафаќа регионот Македонија живеат околу 2,2 милиони Македонци, од кои најголемиот дел во Република Македонија, етничката и матична земја на Македонците.

Според последниот попис на населенито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1.297.981 (64,18% ), односно Македонците се мнозинство во државата. Од 2002, последниве 15 години, нов попис во Македонија нема.

Македонија нема прецизна база на податоци за бројот на своите иселеници и етнички Македонци кои живеат како малцинство низ други држави во светот. За гласање во странство при македонски избори се пријавуват околу 150.000 Македонци, а Агенцијата за иселеништо користи статистички податоци на земјите во кои се смета дека има значителна концентрција на етнички Македонци или иселеници, и според податоците околу 500.000 Македонци денес живеат во другите држави.

Но, оваа бројка уште веднаш се смета за нерелевантна затоа што е познато дека во Грција Македонците немаат можност за етничко изјаснување, а во Бугарија и Албанија се попречувани да го остварат тоа право кое го формално имаат на располагање, но тешко или никако го остваруваат.

Географската распространетост на македонскиот народ денес е најмногу сконцентрирана во македонската етничка територија Македонија, во Европа и на Балканот, во западниот дел на Европа, северниот дел на американскиот континент и во Австралија. Според наведените податоците, денес во светот живеат околу 3,5-4 милиони Македонци.

МАКЕДОНИЈА - Матична земја и етничка територија на македонскиот народ е Македонија, каде што македонскиот народ е најсконцентриран. На територија од 67.741,2 км² километри колку што зафаќа етничка Македонија живеат помеѓу 2,1 и 2,3 милиони Македонци од кои најголемиот дел во Република Македонија. Етничката територија на Македонија на која Македонците живеат денес е поделена на неколку помали делови кои влегуваат во составот на 4 балкански држави. Вардарска Македонија каде се наоѓа Република Македонија, Егејска Македонија (во составот на Грција), Пиринска Македонија (во составот на Бугарија), Мала Преспа и Голо Брдо (во составот на Албанија) и областа Гора (во составот на Албанија и Косово).

Република Македонија

Република Македонија зафаќа 25.713 км² или околу 38% од етничката територија Македонија. Според последниот попис на населенито во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1.297.981 (64,18%), односно Македонците се мнозинство во државата. Под овој број се сметаат сите Македонци по националност, без разлика на нивната вероисповед. На територијата на Република Македонија - Македонците се распространети по целата територија. Застапеноста се движи од 20% во северозападните, 55-60% во југозападните, 85-90% во средишните и 90-95% во североисточните и источните делови на државата.

Европа

Први иселувања на Македонци се забележуваат кон крајот на XVII век, кога многу мажи оделе на печалба во околните балкански, а подоцна и во европските и прекуокеанските земји. Иселувањата од Македонија биле најчесто од економска и политичка природа. Голема концентрација на Македонци денес има во источниот дел на Војводина, во Србија. Во општините Качарево, Јабука, Пландиште и градот Зрењанин каде Македонците сочинуваат голем дел од населението (во Качарево над 40%). Во овие краишта Македонците се дојдени како колонизатори по Втората светска војна.

Иселувањата на Македонци во западноеропските земји прв пат се забележуваат во педесеттите години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесеттите години. Големи македонски иселенички колонии има во Германија (околу 80.000), Италија, Шведска (најмногу во градовите Малме и Гетеборг), Франција, Швајцарија, Велика Британија...

САД

Македонците во САД најмногу се сконцентрирани во северните и североисточните делови на државата и по брегот на Атланскиот Океан и нивната бројка се движи помеѓу 100.000 и 150.000 луѓе. Голем број Македонци има во сојузните држави Њујорк, Мичиген, Њу Џерси, Флорида, Охајо, Вирџинија... а во последно време се зголемува и бројот на Македонци во западниот дел на САД, особено во Калифорнија.

Канада

Македонците во Канада најмногу се населени во јужниот и југоисточниот дел на државата, а нивната бројност е околу 150.000 луѓе. Најголем број на Македонци има во сојузните држави и градовите Торонто (најмногу иселени од Тетовскиот и Преспанскиот регион) како и во Отава, Винздор, Квебек, Онтарио и др.

Австралија

Првите доселувања се забележуваат на почетокот , и во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век. Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид... Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија.

Поради својата голема бројност (над 200.000), во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и ТВ емисии.