Од септември жителите на општина Карпош ќе имаа попусти во 230 фирми, продавници, кафулиња и кафеани низ општината

Од септември жителите на општина Карпош ќе имаа попусти во 230 фирми, продавници, кафулиња и кафеани низ општината. Граѓаните ќе треба во Општината да аплицираат за картичка „Мој Карпош-моја картичка“ со која ќе им следуваат попустите, пренесува СДК

Аплицирањето ќе се врши во архивата на Општината, во месните заедници или електронски на општинската веб страна. Картичката ќе можат да ја добијат сите жители на Карпош над 13 години.

Целта на овој проект како што кажа градоначалникот Стефан Богоев е да се раздвижи економијата на локално ниво, граѓаните да купуваат и користат услуги по пониски цени, а фирмите да имаат поголема посетеност, а со тоа и поголема добивка.

„Знам дека ова нема да им се допадне на центарци и аеродромци, но наше цел е да заживее економијата во општината. Бенефит од овој проект ќе имаат и фирмите кои ќе имаат поголем промет и граѓаните кои по пониски цени ќе можат да ги користат нивните услуги. Во Карпош има 53.000 гласачи, со оглед на тоа дека картичка ќе може да ја добијат граѓаните над 13 години, бројот на карпошани кои ќе бидат опфатени со овој проект ќе биде поголем“, рече градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

До средината на септември кога ќе стартува проект ќе биде изработена и веб страна на која ќе бидат објавени сите фирми кои ќе нудат попусти.