Од Ржаничино до манастирот Пресвета Бодородица ќе се вози по асфалт

Општина Петровец заврши со изградба на новата улица од н.м Ржаничино до манастирот Пресвета Богородица со крак што води до гробиштата.

Улицата која е во должина од 750 метри и ширина 4 метри е комплетно асфалтирана, а предвидена е изградба на тротоар со помала ширина.

Покрај изградбата на улицата се направи и паркинг простор кај гробиштата за околу 60 автомобили и уште еден помал простор за паркирање пред манастирот Пресвета Богородица за 30 возила.

Средствата потребни за реализација на овој проект се обезбедени од ЕУ фондовите на Светска банка.  Од Општина Петровец информираат дека ќе аплицираат за добивање средства од Светска банка за изградба на канализационен систем, како и изградба на улици во Петровец и Ржаничино.

new nike air max 2019