Од први јули поевтин роаминг на Балканот

Цените на роамингот во регионот, во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија, повторно ќе се намалат од први јули, изјави директорот на  Регулаторната агенција за електронски комуникации (РАТЕЛ), Владица Тинтор.

Тинтор на четвртиот собир на оператори на телекомуникациски услуги потсети дека пред околу три години е потпишан договор меѓу четирите земји за спроведување специјална цена за роамингот.