Од понеделник учениците се враќаат во училишните клупи, бидејќи им заврши тринеделниот зимски распуст. Оттогаш започнува и второто полугодие, кое ќе трае до 9 јуни, по што започнува летниот распуст.

Во второто полугодие учениците ќе имаат настава и во сабота, на 17 март и 14 април.