Првиот авион на  „Катар ервејс" од Доха на скопскиот аеродром „Александар Велики" ќе слета в понеделник, на 17 јули 2017 во 10 часот, со  што ќе се одбележи воспоставувањето прва редовна линија помеѓу двата града.

Како што информираат од ТАВ Македонија, со првиот лет во Скопје ќе пристигне делегацијата од Катар,  чиј дел ќе биде и Ехаб Амин, корпоративен директор на „Катар ервејс".

На свеченоста ќе присуствуваат и македонскиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој, како и високи претставници од други институции.

Од петок, 14 јули, пак, нискобиџетната авиокомпанија Визер ќе воспостави редовни линии од Скопскиот аеродром до три нови дестинации - Малта, Рим и Ваксјо (Шведска).