Од омилената туристичка дестинација на Македонците пристигнува лоша вест за пушачите - забрана за пушење на грчките плажи

Страсните пушачи ќе се согласат дека нема ништо поубаво и посмирено кога оптегнати на плажа, во дебела сенка, ќе отворите кутија и – ќе запалите цигара.

Но, од омилените туристички дестинации на повеќето Македонци пристигнуваат лоши вести за пушачите. Грчкото здружение за хематолози (ЕАЕ) ја повикува државата да го забрани пушењето во парковите, плажите и на спортските терени.

ЕАЕ спроведува кампања за подигање на свеста за забрана на пушење на детски игралишта и  плажи веќе две години.

„Не пуши, тука си играме“, е слоганот на една од кампањите.

Турција долго време применува такви забрани, но на пофлексибилен начин, па, така, во луксузните хотели плажите се поделени на неколку делови – за пушачи, за непушачи, за семејства со деца и за оние без деца.