Од октомври нема да се плаќа радиодифузна такса

Од следниот месец граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса. Оваа давачка се укина со измена на Законот за аудио и аудио-визулени услуги за кој попладнево гласаа 70 пратеници и плус  20 со Бадентерово мнозинство.

Пратениците од опозицијата го поддржаа законот, но имаа забелешки на мнозинството зошто не го усвоиле нивиот предлог –закон кој е идентичен со овој.

Реџаил Исмаили во име на пратеничката група на ДУИ посочи дека очекува проширување на капацитетите на програмата на албански јазик и дека радио Скопје ќе работи 24 часа, според Договорот од Пржино.

Со ослободување на обврската од 190 денари месечно за радиодифузна такса, измените на законот предвидуваат Македонската радиотелевизија да се финансира директно од буџетот, од кој на годишно ниво треба да се издвојува 0,5% или 14,3 милиони евра.

По гласањето на овој закон започна распрвата по предлог-законот за зголемување на платие на администрацијата за 5%, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, пратениците ќе расправаат и за останатите два закони на опозицијата, за ваучери за студенти и за измени на законот за извршување.