Од наредната грејна сезона и Ѓорче Петров ќе субвенционира печки на пелети и инвертер клими

Советот на општина Ѓорче Петров на 20. седница донесе Предлог-програма со која се планираат средства кои директно ќе влијаат на заштита на животната средина, а особено на аерозагадувањето.

– Од следната грејна сезона се предвидува на жителите на Ѓорче Петров да им се даде шанса и можност да го променат начинот на греење, преку стимулирање со субевнција. Општината, за мерката “печка на пелети# ќе може да издвои максимум до 30.000 денари, а за средствата за инвертер клима-уред би биле најмногу до 20.000 денари по апликант – велат од општина Ѓорче Петров.

Советниците дадоа и “зелено светло” за програмата со која се предвидува и продолжување на проектот за субвенционирање на енегретски ефикасни фасади во станбени згради.