Денес е четврток, 13 јули 2017 година, 194-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:05, а ќе зајде во 20:11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 06 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно ведро и топло утро со утрински температури кои што и денес се над просекот за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес претежно сончево време со појава на локална облачност и ветровито време, кое поради северното воздушно струење и продор на посвежа воздушна маса од север се очекува и посвежо време со благо опаѓање на дневните температури. Ќе дува доумерен засилен северозападен и северен ветер кој на моменти ќе достигнува и брзина до 40 км/ч. Во доцните попладневни часови во северозападните и североисточните планински предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Утринските температури од 12 до 22 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево, топло и ветровито време. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 36 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која што во доцните попладневни и во вечерните часови во западните, југозападните како и во југоисточните и источните предели може да услови сосема слаби и локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури од 24 до 35 степени. Во сабота претежно сончево со локлална облачност, попладне зголемување на облачноста која што попладне и навечер може да услови и локални врнежи од дожд и посвежо време со максимални температури од 22 до 33 степени. Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со дополнителен пад на дневните температури кои што ќе бидат под просекот за овој период од годината кои што во недела ќе се движат од 18 до 29 степени, а во понеделник од 20 до 31 степени.