Од јавноста ќе се бара мислење за двосменско работење на градинките

Владата на го задолжила Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста за воведување втора смена во детскита градинки и да побара мислење од сите засегнати страни за потребата од двосменско работење на градинките.

„На дневен ред на седницата беше дискутирана и Информацијата за текот и прогресот за отварање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика на секои шест месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите и тоа за: формирани Центри за ран детски развој, број на деца кои ќе се опфатат во Центрите за ран детски развој и број на воспитувачи кои ќе бидат вработени во Центрите за ран детски развој, доколку избраните општини имаат доволно средства во сопствениот буџет за покривање на трошоците за функционирањето на центрите за ран детски развој“, се наведува во соопштението од Владата.