Од инфаркт, до мигрена: Кој дел од денот е најопасен

Од инфаркт, до мигрена: кој дел од денот е најкритичен…инфарктот удира наутро, а настинката се јавува попладне.

Научниците утврдиле дека ризикот од инфаркт или доаѓање до израз на некои симптоми на одредена болест, значително варираат во однос на тоа во кој дел од денот се манифестираат.

Листа на најкритични периоди во денот:

06:00 – срцев удар
Организмот во овој период почнува да се активира и да се спрема за дневните обврски. Потребна му е поголема количина на кислород – отколку за време на ноќта, па се ослободуваат соединенија кои доведуваат до пораст на крвниот притисок – што може да биде кобно за оние со кардиоваскуларни проблеми. Покрај ова, некогаш и пораст на нивото на „хормонот за стрес“ што го лачи надбубрежната жлезда може да биде фактор за срцев или мозочен удар.

07:00 – гихт
Гихт е состојба изразена со високо ниво на уринарна киселина во крвта, поради која во сврзното ткиво на зглобовите, зглобните простори или ’рскавиците се формираат кристали кои предизвикуваат болка. Нивото на оваа киселина во седум наутро е највисоко, трипати повисоко од нејзината концентрација во текот на денот.

08:00 – алергии
Симптомите на алергии – пецкање во очите и носот  се најинтензивни во осум часот наутро. Мјуриел Симонс тврди дека тоа е заради утринските куќни обврски – местење на креветот, тресење на постелината кои го зголемуваат присуството на алергени во воздухот.

09:00 – мигрена
Доколку страдате од мигрена, ризикот за нејзино влошување е помеѓу осум и десет часот наутро. Според научниците – мигрените се јавуваат во раните утрински часови поради порастот на крвниот притисок и ширење на крвните садови во главата.

10:00 – артритис
Болките што ги предизвикува артритисот најмногу се изразени во утринските часови, најверојатно поради долготрајното мирување во текот на ноќта. За ваквите случаи се препорачува земање на антифламаторни лекови пред спиење за олеснување на утринските болки.

13:00 – е најпогоден период од денот за физичка активност. Тогаш е најмал ризикот од повреди. За ова е „виновна“ телесната температура која својот максимум го достигнува помеѓу еден и четири часот попладне. Телото е дури за два степени потопло.

14:00 – време е да го земете лекот за астма. Ако страдате од астма, најдобро време да се земе лек е за два попладне. Една доза инхалации во попладневните часови, ќе ве заштити од напад на астма во текот на ноќта, велат научниците од Универзитетот во Сао Паоло.

15:00 – напади на паника

„Резултатите покажуваат дека лицата со анксиозни нарушувања имаат тенденција кон напади на паника и вознемиреност во текот на денот.” велат истражувачите. Тоа се случува поради активноста на нервниот систем кој веројатно придонесува за “акумулација” на секојдневниот стрес во утринските часови.

16:00 – настинка
Симптомите на кашлица и настинка својот врв го достигнуваат околу четири попладне. Една теорија  објаснува дека хормоните кои се вклучени во производството на антитела (кои се борат против инфекции) се помалку активни во попладневните часови.

17:00 – остеоартритис
Симптомите почнат да се појавуваат доцна попладне и рано навечер. Најдобро е да се земат анти-инфламаторни лекови во раните попладневни часови, за да делуваат подоцна и да се олесни болката.

21:00 – чир
Симптомите на чир се најизразени околу девет часот, за време на варењето на храната, па лекарите препорачуваат да се земаат лекови пред спиење.

22:00 – егзема
Седум од десет луѓе со воспалителни заболувања на кожата, вклучувајќи псоријаза и егзема, најинтензивно ги чувствуваат симптомите во десет навечер. Ова најверојатно се случува како резултат на промените на кожата температура. Кога спиеме завиткани во ќебиња, температурата на телото расте и се засилува чувството на чешање, а кожата губи вода во текот на ноќта.