Од идната недела поскапување на цената на бензин и дизел

Благ раст на цената на суровата нафта на светските берзи. Во текот на вчерашниот ден, американската лесна нафта поскапи за 0,1% на 47,6 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ вчера поскапи за 0,3% на 50,9 долари за барел.

Во споредба со цената од минатите две недели, врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник ја одреди малопродажната цена, сегашната е повисока за над 3 долари за еден барел.

Тоа би можело да донесе зголемување на цените идниот понеделник кога регулаторот ќе ја изврши новата корекција.

Во вакви услови за очекување е поскапувањето да биде за околу 2 денари по литар.
На 7 август Регулаторот регулаторот донесе одлука за зголемување на цените на бензините и дизелот за 1 денар по литар.