Од град во село: Запознајте го скопјанецот Давид - поранешен басист кој стана козар

Семејството Неделковски, од центарот на градот заминале на село. Одлуката ја донеле едногласно, на предлог на татко му на Давид и решиле да си го сменат животот од корен. Денес живеат во село Раштак кадешто се занимаваат со чување кози и со производство на млеко, млечни производи и јарешко месо...

-„Со еден збор „Рок едн рокл“, ни требаше промена  имавме можност каде да дојдеме и еве веќе седум годни сме во селото Раштак. Почнавме со десетина кози, сега веќе имаме 50. Јас сум израснат во Скопје и кога почнавме не знаев буквално ништо за козите. Многумина мислат дека е лесно и дека тоа што имале дедо кој чувал кози е доволно, но едно е да дојдеш на два дена и да гледаш како некој чува кози, а друго е да се грижиш за нив. Исто така, на почетокот беше смешно и првото молзење. Татко ми фати една коза и ја измолзе, а потоа дојде на ред втората. Таа немаше млеко, но бргу сфативме дека нема затоа што е вусшност истата коза којашто тој тукушто ја измолзи. Најубавиот дел е прошетката на козите низ планината. Млекото кое го измолзуваме го обработуваме, продавам младо козјо сирење и сурутка.“, вели Давид.

Давид пред да замнине на село бил студент по археологија, бил и басист. Меѓутоа, откако се разочарал поради непостојаноста на луѓето кои, решил да го продаде басот и да си купи кокошки. За жал, работата со кокошките не излегла како што замислувал и планирал, па сега имаат само толку колку што треба за да имаат секогаш свежи јајца за појадок.