Oд фризерка до доктор: Колку навистина се заработува во Швајцарија?

Канцеларијата за економија и труд на кантонот Цирих секоја година објавува водич за платите на сите професии. Оваа година, на 800 страници беа објавени податоците како минимална препорачана плата и просечна плата во зависност од возраста и искуството.

Еве ја листата на некои професии со просечна или препорачана бруто плата:

Фризер/ка – 2.601 CHF или 2.427 евра

Цвеќар/ка – 3.800 CHF или 3.545 евра

Графички дизајнер/ка – 3.800 CHF или 3.545 евра

Столар – 4.018 CHF или 3.750 евра

Работник во Пошта – 4.031 CHF или 3.762 евра

Пекар/ка – 4.051 CHF или 3.780 евра

Автомеханичар – 4.450 CHF или 4.152 евра

Кондуктер/ка на воз – 4.558 CHF или 4.253 евра

Возач на автобус – 4.858 CHF или 4.533 евра

Новинар/ка – 5.551 CHF или 5.180 евра

Социјален работник – 6.246 CHF или 5.828 евра

Наставник/чка – 7.398 CHF или 6.903 евра

Офицер во војска – 8.142 CHF или 7.597 евра

Јавен обвинител – 10.400 CHF или 9.704 евра

Главен лекар во болницата во Цирих – 12.824 CHF или 11.966 евра

Swissinfo.ch пишува дека во Швајцарија годишно се исплаќаат 13 плати, не 12. Минимални плати нема, но колективни договори воспоставуваат минимални плати во некои области, како кетеринг или хотелиерство.

Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е од 13 до 20% помал. Тие истакнуваат и дека трошоците за живот на Швајцарија се прилично големи.