Од денеска започнува репертоарот за 2020 година во Театар Комедија

По три седмици пауза, од денеска започнуваат да се играат претставите во Театар Комедија. По заслужениот зимски одмор, Театар Комедија повторно ги отвора вратите за публиката. Вечерва со претставата ,,Жена ми се вика Борис“ ќе започне редовниот репертоар за оваа година, под наслов ,,Комедија 20 20“.

На репертоарот во јануари, освен вечерашната изведба, публиката ќе може да ги погледне и претставите: ,,Жени пред нервен слом“, ,,Стјуардеси“, ,,Боливуд, ,,Вечера за глупаци“, ,,Човек, ѕвер и доблест“, Не сега, драга“ и ,,Вардарски пастуви“. Од управата на театарот известуваат дека речиси сите карти за јануарскиот репертоар се веќе распродадени.