Од денеска започнува 8. Меѓународен акварелен симпозиум на општина Карпош

Осмиот Меѓународен акварелен симпозиум на општина Карпош ќе се одржува од денеска до 31 август.

Ќе учествуваат уметници од Индија, Египет, Франција, Романија, Белорусија, Велс, Бугарија и македонските академски сликари Пандора Апостоловска-Саздовска, Милан Андов, Симонида Филипова-Китановска, Страхил Петровски, Марија Павловска која доаѓа од Њујорк, Лидија Пачемска- Џонс и др.

Учесниците на годинашниот акварелен симпозиум ќе творат на две локации во Карпош, Скопје и неколку дена во Охрид.

Општина Карпош информира дека делата ќе бидат изложени на завршната изложба, која е предвидена за 31 август во ТЦ „Лептокарија“, во рамки на „Културното лето Карпош 2017“.