Од денеска стартуваат директните летови од Охрид до Милано

Од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град Милано.

Новите директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции.

Министерот Сугарески најави дека за периодот до 2020 година за финансиска подршка за нови авио линии кои ќе овозможат развој на туризмот се предвидени 312 милиони денари.

Со додавањето на Малме и Милано, како нови дестинации, сега од Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид има 5 редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како и 8 сезонски дестинации.