Од денеска стартува законската исплата на законскиот минималец

Почнува исплатата на повисока минимална плата.  Управата за јавни приходи веќе го објави образецот кои фирмитре треба да го пополнат за да ја добијат потребната финаисиска помош од држвата  и на своите вработени да им исплатата минималец од 12 илјади денари.

Министерството за труд ќе прави пропверка на барањата дали компаниите ги исполнуваат условите за добивање на подршката.

Со зголемувањето на минималецот дирекно ќе се влијае на пораст на потрошувачката но и на зголемување  на просечната плата.Помош од 2000 денари по вработен ќе добијат газдите чии вработени месечно добивале нето плата од 10 илјади.

1500 денари  по вработен ќе добијат  оние кои на вработените месечно им исплаќале плата до 10 500 денари,

1000 денари  по вработен ќе биде подршката за оние работодавачи чии работници месечмно примале од 10 500 до 11000 денари нето плата, а 500 денари помош  по работник следува за  рабодовачите кои исплаќале плати од 11 000 до 11 500 денари.

Мимална од 200 евра треба да добијат околу 100 илајди работници.