Од денеска почнува со работа Клиниката за кожни болести која три недели беше под клуч

Од денеска повторно започнува со работа Клиниката за кожни болести, откако пред три недели беше ставено клуч на врата бидејќи поранашната директорката со симптоми на коронавирус цела недела одела на работа, информира министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција.

Поранешната директорка на клиниката Нина Цаца Биљановска била на скијање во Италија и веднаш по враќањето тргнала на работа, не почитувајќи ги владините препораки да остане 14 дена во самоизолација. 

Откако кај докторката беше откриен коронавирусот, кожната клиника експресно беше затворена, а сите оние кои имале контакт со неа завршија во домашна изолација. Во последниве неколку денови, дел од нив се тестирани, а досега само шест се позитивни на корона вирусот.

Поранешната директорка се уште е хсопитализирана на Инфективната клиника.