Од денеска ново работно време на ЈП „Градски паркинг“ Скопје

Од денеска започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ Скопје.