Од денеска ЈП „Комунална хигиена" ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир

Од денес до 19 јули, ЈП „Комунална хигиена ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир.

За таа цел, на четири локации во оваа скопска општина, Претпријатието ќе постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од електричната и електронската опрема. Контејнерите ќе бидат поставени на следните локации:

-Раскрсницата меѓу улиците Дижонска и Џон Кенеди;
-Раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ;
-Улицата Серава (во близина на Ефтинија Импекс);
- Улицата Ресенска (во близина на Ресторан ФаФа).