Од денес стабилизација на времето

Денес е вторник, 18 јули 2017 година, 199-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:09, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 00 минути.

Во Македонија ова утро во северните и северозападните како и јужните и југозападните предели ќе биде претежно облачно време со повисоки утрински температури, додека пак во останатите предели претежно сончево со локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес стабилизација на времето. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди.  Ветерот ќе го намалува својот интензитет и во текот на денот ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 20  до 31 степени. Како утринските така и дневните температури се под просекот за овој период од годината.  УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и претежно сончево време со локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна температура до 29 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе биде претежно сончево и се потопло време со константен пораст на температурите, како утринските така и на дневните. Во Среда и четврток сончево и топло време, утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури од 23 до 34 односно од 25 до 36 степени. Сончево и потопло време со температури кои што ќе бидат во границите на повеќегодишниот просек се очекуваат во петок и сабота. Утринските температури од 11 до 20 степени, додека пак максималните температури од 26 до 37 степени.

Извор: weather4all.com.mk