Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски, денеска ја отворија Канцеларијата за водење матични книги во просториите на Општина Аеродром.  

„Општина Аеродром за првпат добива матична канцеларија и тука од денеска граѓаните ќе можат да поднесуваат барања и да подигаат готови изводи од матичната евиденција“, изјави градоначалникот Марин.

Тоа значи дека жителите на Аеродром можат во својата Општина да добијат извод од матичните книги на родени, на венчани и на умрени. На овој начин, тие ќе заштедат време и пари и ќе ги избегнат турканиците пред шалтерите.  

Целта на овој проект, како што посочи директорот Котевски, е да се приближат институциите на државната управа до граѓаните и нивните потреби.