Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за времен сообраќаен режим поради партиски митинг кој ќе се одржи утре во Скопје.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Скопје дека од денес од 22.00 часот  до 02.00 часот на 14.10.2017 година (сабота) во двата правци ќе биде пренасочен сообраќајот на булеварот ,,Илинден,,  на потегот од крстосницата со булеварот ,,Гоце Делчев,,  до крстосницата со булеварот ,,Св. Климент Охридски,, и истиот ќе се одвива по булевар ,,Илинден,,  десно по булеварот ,,Св. Климент  Охридски,,  и по булеварот,, Гоце Делчев,, и лево по булеварот ,,ВМРО,,.

Пренасочувањето на сообраќајот е поради изборен митинг.