Од 30 јануари до 13 февруари: Изложба “Приватно-Јавно” во Чифте амам

Во Чифте амам во Скопје од 30 јануари до 13 февруари ќе се одржи изложбата “Приватно-Јавно”.

Ќе биде представена идејата за делата “Бесконечност” (Infinity) на Петре Николовски, каде што покрај редовните посетители на галеријата ќе бидат поканети претставници на издавачките куќи, писатели, читатели… споменати преку изложените макети и скици ќе го видат нивниот потенцијален алтроистички придонес во овие колективни ликовни дела.

Заради несебичниот придонес на сите вклучени во изведбата, овие дела ќе бидат отстапени на неограничено користење на Националната галерија, Прилепската и Националната и Универзитетска библиотека во Скопје.

Делата “Бесконечност” ќе бидат сочинети од три единици, од кои во моделирањето на скулптурата ќе биде употребена едната книга на авторите, а другата ќе биди редоследно поставена на специјално направената полица, а во урамен графички приказ ќе бидат редоследно напишани насловите на книгите, имињата на нивните автори и донаторите.