Од 3 овошја добивате пијалак кој ги храни телото и мозокот

Многумина од нас попрво ќе посегнат по свежо цеден сок или смути, отколку да чистат овошје неколкупати дневно.

Па затоа, ви предлагаме да пробате пијалак со кој ќе ги нахраните и телото и мозокот, а воедно и ќе го намалите чувството за глад.

За сокот полн со витамини, минерали и хранливи влакна, потребни ви се:

Јагоди – моќен антиоксиданс богат со витамин Ц, витамин Б-9, фолна киселина и многу хранливи влакна.

Банана – слатко и кремасто овошје кое е преполно со калиум, па ја подигнува енеригјата и заситува. Полно е и со магнезиум, калциум, железо, цинк и витамини Б, Ц и Е.

Портокал – сочно цитрусно овошје богато со витамин Ц, калиум, калциум и магнезиум, кое ја подига енергијата и го зајакнува имунитетот.

Состојки:

1 шолја сок од свежо цедени портокали
8 до 10 средни јагоди
1 банана
Неколку коцки мраз

Подготовка:

Измијте и исчистете го овошјето и насечкајте го на парчиња. Состојките ставете ги во блендер и добиениот сок испијте го веднаш.

Пијалакот има најдобар ефект ако се испие за појадок или помеѓу оброците.