Од 15 часот ќе бидат блокирани дел од улиците во Скопје - продолжува протестот на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира и да ги блокира крстосниците низ град Скопје се додека трае овој атак врз Македонија, најавуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај Мавровка;

– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.