Од 10 декември почнало нагло да расте загадувањето во Скопје

Од 10 декември воздухот во Скопје почнал нагло да се загадува, покажа индексот за квалитетот на воздух на Министерството за животна средина.

Тоа се највисоките концентрации на штетните ПМ10 честички кои се измерени изминатите 3 месеци. Во Скопскиот регион рекордер по загаденост е воздухот околу Ректоратот, каде вчера во 14 часот, концентрацијата на штетните ПМ 10 честички била 436 микрометри на кубен метар, или речиси 9 пати над дозволената дневна концентрација. По мерната станица кај Ректоратот, најзагаден е воздухот во скопски Карпош, Центар и Гази Баба.

Минатиот месец ноември во населбата Лисиче воздухот бил во рамки на дозволените вредности само 5 дена, а околу мерната станица во Ректоратот, 4 дена. Среднодневните концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри биле над дозволената граница  дури 20 од 30 дена во Карпош и Центар.