На социјалните мрежи и на некои веб-страници почна да се споделува информација која би можела да охрабри многумина кога е во прашање вработувањето во странство.

Од 1.1.2018 стартува нов закон за вработување според кој сите кои не се граѓани на ЕУ ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, што важи за граѓаните со македонски, српски и босански пасоши, без оглед за која работа сакаат да аплицираат.

Тоа значи дека сите кои ќе пронајдат работодавец ќе можат да се вработат како и ЕУ граѓаните, без притоа да мораат да одат во амбасада и да бараат работна виза.

Пронаоѓањето на сигурна работа ќе биде како и досега, преку агенција. Во моментов во Германија можат да се вработат само граѓаните со ЕУ пасош.

Се очекува до крајот на идниот месец оваа информација да ја потврдат и официјалните институции.

Познато е дека во Германија има недостаток на работна сила, особено во медицината, но и во многу други сектори, поради што германската економија трпи големи штети.